Одбележување на Европскиот ден на заштита на личните податоци
По повод 28 Јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, денеска во „Европската куќа“ ќе се одржи конференцијата „Заедно за заштита на личните податоци“...

По повод 28 Јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, денеска во „Европската куќа“ ќе се одржи конференцијата „Заедно за заштита на личните податоци“, во организација на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Фондацијата „Метаморфозис“, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи.
Како што информираат од Фондацијата „Метаморфозис“, на конференцијата, меѓу останатите, ќе се обратат Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во земјава, Имер Алиу, директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата Метаморфозис и Лидија Стојкова-Зафировска, претседателка на Извршниот одбор на Центарот за правни истражувања и анализи.
