Украина

Нов бран руски напади, има жртви

27.01.2023 09:28

Војната беснее, Зеленски бара ракети и авиони. Голем руски напад врз Украина. Експлозии во повеќе градови. Зеленски ги повика западните сојузници што поскоро да ги испорачаат тенковите, побара ракети со долг дострел, како и борбени авиони. Москва порача дека ќе ја уништи доставената опрема...

Русија почна нов бран напади откако Украина си обезбеди тенкови. Десетина лица загинаа во последните бомбардирања, во кои според Киев, биле испалени 50 проектили и 20 дронови.

Поради оштетување на енергетската инфраструктура, Одеса, Киев и Виница останаа без струја. Експлозии се регистрирани и во близина на нуклеарна централа Запорожје. ОН предвидуваат нов бран раселени лица.

Јапонија додава 36 поединци и 52 организации поврзани со Русија на листата на санкции. Москва и натаму тврди дека Западот се повеќе се вклучува во војната.