ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже како е можно на сѐ што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија
Власта потпиша се што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји, велат од опозициската партија...

Ковачевски да каже како е можно на се што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попусливоста е последица на ранливоста поради енормниот криминал, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Ескалирањето на односите со Бугарија е последица на попустливоста и веднењето кичма на СДС. Владата исполни се што беше побарано од неа, дури и невозможни и нерационални работи, па така како природен след доаѓа ставот на Бугарија дека и понатаму се друго што ќе побараат ќе биде исполнето од овие политичари, резултатот е повлечен амбасадор и односи како во студена војна, стои во соопштението.
Власта потпиша се што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји.
Ковачевски и Пендаровски заглавија до толку што за нивната неспособност и некадарност за нормализирање на односите обвинија дека зад сите работи стојат странски служби, без да кажат кои се, и што им е интересот. Пендаровски иако платен од народот за да го штити, и службите под него исто така, не кажа кој тоа ја дестабилизира Македонија. Само сее ветар и магла.
Исти како Пендаровски се и Ковачевски и Османи, кои првин се заканија дека ќе прогласат одредени политичари за персона нон грата, а потоа ретерираа и кажаа дека ќе почекаат до 4ти февруари. Што ќе чекаат? Дали чекаат инциденти или политиката ја претвораат во естрада и поле за циркузанти?
Ковачевски, Османи и Пендаровски со нивното килаво однесување, кое е резултат на нивната корумпираност и криминал, а со цел да останат ден повеќе на власт ја понижуваат Македонија- нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
