Сомалија

САД: Убиени се лидер и членови на Исис

27.01.2023 09:39

Администрацијата во Вашингтон известува за убиство на висок лидер на ИСИС и 10 члена на терористичката група во северна Сомалија...

Администрацијата во Вашингтон известува за убиство на висок лидер на ИСИС и 10 члена на терористичката група во северна Сомалија. Ал-Судани беше одговорен за ширење на мрежата во Африка и финансирање на операциите на групата ширум светот, вклучително и во Авганистан.

Во акцијата нема загинати цивили. Досега САД се фокусираа на борците на Ал Шабаб, доминантната терористичка група во Сомалија.

Операцијата се толкува како продолжување на стратегијата на администрацијата на Бајден за спротивставување на терористичките закани преку т.н. операции „над хоризонтот“.