Најдоцна до 12 мај Ѓорге Иванов треба да го почне вториот мандат
02.05.2014 20:50
Најдоцна до 12 мај новоизбраниот претседател Ѓеорге Иванов треба да го почне вториот мандат и од овде од Вила Водно да ја води Македонија кон нови дипломатски победи. За најголем успех ги смета петте позитивни извештаи на Европската Комисија како и петте позитивни препораки за оточнување на преговорите. Во мандатот на Иванов се случи и хашката пресуда со која Македонија победи во спорот со Грција.

Најдоцна до 12 мај новоизбраниот претседател Ѓеорге Иванов треба да го почне вториот мандат и од овде од Вила Водно да ја води Македонија кон нови дипломатски победи. За најголем успех ги смета петте позитивни извештаи на Европската Комисија како и петте позитивни препораки за оточнување на преговорите. Во мандатот на Иванов се случи и хашката пресуда со која Македонија победи во спорот со Грција. За најголема придобивка за граѓаните на Република Македонија може да се смета визната либерализација, со која на сите наши државјани им е овозможено слободно да патуваат во западноевропските земји. Што се однесува до членството на Македонија во алијансата на самитот на НАТО во Чикаго беше потврдено она истото што беше констатирано и на самитот во Букурешт дека Македонија ги исполнила сите критериуми за влез во алијансата.
Во рамки на претходниот мандат Иванов се сретнал со повеќе од 200 претседатели меѓу кои и познатите светски лидери, претседателите на Русија, САД и Кина. Но како што и самиот рече, не дозволи овие средби да го вообразат и тој секогаш остана човек од народот за народот. За хуманоста на Иванов зборува и податокот што во овие пет години, тој континуирано им даваше поддршка на децата болни од аутизам а исто така беше и двигател за јакнење на македонски спортски дух. Иванов останува претседател на Македонија до 2019 година кога ќе биде заменет од нов претседател бидејќи согласно позитивните важечки закони во Република Македонија, претседател неможе да освои повеќе од два мандати.
