Здравство

Расте бројот на заболени од грип, децата на удар

27.01.2023 09:51

Во текот на третата недела од годинава во земјава пријавени се 1.135 случаи на заболени од грип или за 15 помалку во споредба од претходната недела – објави Институтот за јавно здравје...

Во текот на третата недела од годинава во земјава пријавени се 1.135 случаи на заболени од грип или за 15 помалку во споредба од претходната недела – објави Институтот за јавно здравје.

Трета недела по ред надминат е прагот на епидемиолошки влез во сезоната на грип, највисока инциденца е забележана кај децата до четири години. Најголем број заболени пријавени се Гостивар и Битола.

Од почетокот на сезоната регистрирани се три починати лица, а вкупниот број на заболени е 4.232 случаи. Согласно податоците, во земјава вирусот на грип има широка географска распространетост и висок интензитет.