Вардар ќе ја брани титулата во Автокоманда
Вардар славеше против Металург со 25-24 во првиот дуел од разигрувањето за титулата во нашето ракометно првенство. Очекувано остана отворено прашањето дали вардарци ќе ја одбранат титулата или по шест дена во Автокоманда, металурзите ќе ја вратат во своите витрини.

Вардар славеше против Металург со 25-24 во првиот дуел од разигрувањето за титулата во нашето ракометно првенство. Очекувано остана отворено прашањето дали вардарци ќе ја одбранат титулата или по шест дена во Автокоманда, металурзите ќе ја вратат во своите витрини.
Во типично возбудлив и неизвесен двобој со пресврти и потребен набој, ранетите лавови собраа сили да понудат и квалитет возбуда. Вардар пропушти шанса со поголема разлика да оди на реваншот кај големиот ривал, зашто минималната предност од 15-14 во првиот дел успеа да ја зголеми три пати на максимални плус 4 до 47-та минута.
Но, до крај не одигра квалитетна одбрана и сигурно во напад во кој недостасуваше ефектот на незаздравениот Карачиќ кој остана без гол. На спротивната страна отсуството на Атман, солидно реализаторски го надополнија Миркуловски и Циндриќ.
Во тој период и до крајот најпрво се разбрани Ангелов кој застана на 6 одбрани па потоа и Станиќ кој го заврши мечот со една повеќе. Дотогаш заедно со своите 4 колеги тие заедно имаа неверојатни само 4 одбрани.
Црвено-црните ја чуваа солидната предност до 25-21 во 55 минута од натпреварот кога Лино Червар побара тајм аут, по кој Металург во финишот со серија од 3-0 доживеа минимален пораз.
Резултат кој ветува пекол, неизвесност и возбуда во Автокоманда каде што на 8 мај ќе се решава војната Во првата биткапобедникот го предводеше најефикасниот оваа сезона во составот Дибиров кој постигна 7 гола, 5 пати погоди Душебаев а по 4 гола се запишани зад Прибак и Лазаров.
Поразените го имаа актуелниот најдобар стрелец во Лигата на шампионите и на оваа пресметка Вугринец со 10 гола, последниот во последните секунди. Вистинска подршка имаше само во Миркуловски со 5 гола и Циндриќ со 4.
