Евроинтеграции

Потребно е спроведување на Законот за заштита на личните податоци

27.01.2023 12:13

Заштитата на личните податоци ќе бидат дел од преговорите со ЕУ во рамките на поглавјето 23. По скринингот за фундаменталните вредности, станало збор и за почитувањето на овие човекови права, за коишто од ЕУ велат недостига спроведување на законот...

Заштитата на личните податоци ќе бидат дел од преговорите со ЕУ во рамките на поглавјето 23. По скринингот за фундаменталните вредности, станало збор и за почитувањето на овие човекови права, за коишто од ЕУ велат недостига спроведување на законот.

Агенцијата за заштита на личните податоци, која треба да ги штити согласно со европските стандарди се соочува со недостиг на персонал и соработка со државните институции.

Граѓаните сè уште не се соодветно запознати со заштитата на личните податоци, а исто така и судовите коишто пресудуваат при нивна повреда, велат од невладиниот сектор.

Македонското општество треба да работи на гарантирање на уставното право на приватност при користењето интернет, за што се потребни закони за правична обработка, собирање, користење и складирање на личните податоци.

 

Ирина Гелевска