Македонија

„Македонија Пат – Штип“ подготвена за снегот, но кубури со кадар

27.01.2023 12:42

Штипската подружница на „Македонија пат“ подготвено го дочека првиот снег, што денес паѓаше на скоро целата територија на источниот регион. Снегот е со слаб интензитет и не предизвикува проблеми во сообраќајот, но потребните зимски активности веќе се применуваат. Абразивен материјал и механизација има доволно, но има недостиг од кадар од сите профили...

Штипската подружница на „Македонија пат“, од вчера интервенира на терен и патиштата се чисти. Механизација и абразивен материјал велат има доволно, над 40 камиони и 15 машини за снег. Проблемот со недостиг на механизација е надминат, вели раководителот, но сега има недостиг од вработени во штипската подружница.

За поголеми врнежи од снег подготвени се и од штипското Јавно претпријатие.

Зимските пунктови на Јавното претпријатие за одржување на патиштата се подготвени и со внимание се следи состојбата на патиштата во Овче Поле и Малешевијата каде снегот знае да направи најголеми проблеми.

Славица Величковска