МЗТ пресилен и за Куманово

02.05.2014 23:12

Ниту Куманово не можеше да му застане на патот на МЗТ Скопје во кошаркарската Супер лига. На семафорот во „Борис Трајковски“ пишуваше 97-85 за шампионот, во првиот натпревар од седмото коло во оваа фаза од сезоната.

Тимот од Аеродром имаше целосна контрола на текот на мечот, а се беше јасно уште во првиот период кога домаќинот направи огромна позитива. По десет минути игра МЗТ водеше со 37-16. Тодор Гечевски беше прв стрелец со 25 коша, а собра и пет топки. Дамјан Стојановски заврши со 16 поени, а кај гостинскиот состав Врањеш изброја 23, а Луковиќ 19 коша со пет скока.

Утре Струмица ќе игра со Работнички, а Лирија со Кожув. МЗТ Скопје има седум победи од седум средби, зад него е Кожув со биланс 5-1 и тоа се двете екипи со позитивен ефект. Куманово е трет со три победи и четири порази.