Француски бизнис интерес за Македонија
27.11.2013 22:09
Министерот за економски прашања Владимир Пешевски

Министерот за економски прашања Владимир Пешевски најави зголемен француски интерес за вложување во земјава. По бизнис саемот во Лион, е заклучено дека височината на даноците во Франција ги мотивираат француските инвеститори да се интересираат за Македонија. Договорени се и посети на француските стопанственици во наредниот период кај нас.
