Почина Илија Атанасовски – Ико!

02.05.2014 23:20

На 65-годишна возраст вечерва почина Илија Атанасовски - Ико, наш долгогодишен фудбалски работник, поранешен генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Атанасовски беше фудбалер, тренер, членуваше во комисиите на УЕФА и на ФИФА, беше фудбалски историчар. Меѓу другото, ќе остане запаметен и како автор на енциклопедијата на македонскиот фудбал со наслов „Ние сме едно големо фудбалско семејство“.

Атанасовски работеше како генерален секретар на ФФМ 14 години, неодамна замина во пензија, а од фудбалската федерација доби признание за посебни заслуги во фудбалот.