Рони О’ Саливен разурнувачки до финалето
Суверено владееше со куглите и во полуфиналето против својот сонародник, Англичанецот Бари Хоукинс...

Нов блесок на Рони О' Саливен на сцената на „Крусибл“ во Шефилд. Суверено владееше со куглите и во полуфиналето против својот сонародник, Англичанецот Бари Хоукинс. Со 17:7 во фрејмови ја мина и оваа пречка и се пласира во финалето. Тоа беше уште една извонредна претстава на најдобриот снукер играч на денешницата. За време на целиот меч ја зголемуваше резултатската предност и само после три излегувања на столот ги освои потребните 17 фрејмови. Во голем стил О' Саливен чекори кон одбрана на ланската титула. Во првото коло со 10:4 го совлада Финецот Робин Хал. Во второто коло се соочи со резултатски проблеми, но со фуриозна завршница го надигра Џо Пери со 13:11. Неговата супериорност беше најизразена против, објективно најтешката пречка, Шон Марфи. Поранешниот светски првак беше елиминирн со фантастични 13:3! Ова ќе е шесто финале на Светските првенства за Рони О,Саливен. Во сите пет досегашни мечеви за титулата излегуваше како победник: во 2001,2004,2008,2012 и 3013 година.
Противник на О, Саливен во големото финале во Шефилд ќе биде подобриот од полуфиналето меѓу Англичанецот Марк Селби и Австралиецот Нил Робертсон. Нивниот резултат во пресрет на третото излегување на масата е 9:7 за Селби. Се игра во 17 добиени фрејмови.
