МВР

139 санкционирани возачи во Скопје

28.01.2023 09:21

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Секторот за внатрешни работи Скопје, во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за недавање првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.