Поминати рокови, ветената детска градинка се уште во изградба
Две локални самоуправи ја ветуваа, а роковите се пробиени одамна за детската градинка во прилепската населба Точила, која треба за згрижи 252 деца и да го реши проблемот со недостиг од капацитети. Невладините, со анкети и петиции бараат одговор, зошто дури 80 насто од граѓаните не знаат што се случува...

Требаше да биде готова пред година и половина и да бидат згрижени 252 деца. Сега, дури 80 насто од граѓаните не знаат до каде е изградбата на детската градинка во прилепската населба Точила, проект вреден 133 милиона денари кој треба да го реши прашањето со недостигот од капацитети за сместување.
Невладините со работилници, анкети и петиции-Кога ќе биде готов овој значаен објект со кого се фалат две локални самоуправи, транспарентноста на институциите затаила.
Градските власти и Министерството за труд и социјална политика одговорија откако ние ги прашавме. Локалната самоуправа почнала да ги плаќа ратите, градат ограден ѕид околу градинката, а другото е на Министерството.
Според надлежното министерство градинката ќе биде опремена за два месеца. Во тек е испораката на опремата од преку 9 милиони денари.
Во шесте прилепски градинки се згрижени околу 1 200 деца. На листата на чекање се преку 250, колку што е капацитетот на новата градинка во населбата Точила.
Елизабета Митреска
