Израел
Хамас презеде одговорност за нападот во Ерусалим
28.01.2023 09:59
Хамас ја презеде одговорност а за нападот во Ерусалим во кој седум лица загинаа а десетина беа повредени за време кога верниците излегувале од синагога...

Хамас ја презеде одговорност а за нападот во Ерусалим во кој седум лица загинаа а десетина беа повредени за време кога верниците излегувале од синагога. 21 годишниот напаѓач почина во судирот со полицијата кога се обидувал да избега.
Според портпаролот на Хамас нападот бил природен одговор на нападите врз џамијата Ал Акса и нападот на израелската армија врз бегалскиот камп во кој загинаа 9 мина палестинци а 20 беа ранети. Обединетите нации, Вашингтон и Москва го осудија нападот.
