Чешка

Втор круг претседателски избори

28.01.2023 10:08

Последен ден од вториот круг од претседателските избори во Чешка. За шеф на државата се борат поранешниот командант на армијата Петр Павел и поранешниот премиер Андреј Бабиш...

Последен ден од вториот круг од претседателските избори во Чешка. За шеф на државата се борат поранешниот командант на армијата Петр Павел и поранешниот премиер Андреј Бабиш.

Пензионираниот 61-годишен генерал Павел, кој работеше во НАТО, се кандидираше како независен кандидат, а ја има поддршката и од централнодесничарската влада.

68 годишниот Бабиш, реден од најбогатите луѓе во Чешка беше премиер од 2017 до 2021 година и крајот на кампањата го изгради врз стравот од војна во Украина предизвикана од ширењето на руската инвазија.