Нов Зеланд

Поројни дождови во Окланд

28.01.2023 10:14

Три лица загинаа, има и исчезнати откако рекордно количество врнежи го погоди Окланд, најголемиот град во Нов Зеланд...

Три лица загинаа, има и исчезнати откако рекордно количество врнежи го погоди Окланд, најголемиот град во Нов Зеланд.

Прогласена е вонредна состојба, дождот ги затвори автопатите, поплавени се домови. Во текот на ноќта стотици луѓе останаа заробени на аеродромот во Окленд откако беа откажани сите летови и поплавени делови од терминалот.