69 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола, меѓу нив и возач со измерени 2,61 промили алкохол
Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната...

Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, што санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.
