Раст на странските инвестиции во февруари

03.05.2014 10:46

Прогнозите за оваа година велат дека директните странски инвестиции ќе надминат 300 милиони евра...

Последните податоци на Народната банка на Македонија покажуваат дека странските инвестиции во февруари од оваа година достигнаа 26,3 милиони евра, што е за 2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година. Податоците велат дека најголемиот дел од инвестираното во февруари е акционерски капитал и реинвестирана добивка од вкупно 17, 2 милиони евра, пренесува порталот Екомоски Лидер.
 
Минатата година вкупниот обем на странски инвестиции изнесуваше 251,5 милиони евра, а оваа година се очекува да се надминат 300 милиони евра. Минатогодишните податоци покажуваат дека најмногу директни странски инвестиции во Македонија дошле од Велика Британија (44,63 милиони евра), потоа од Австрија (36,54 милиони евра) и Германија (над 27 милиони евра).
 
Прогнозите за оваа година велат дека директните странски инвестиции ќе надминат 300 милиони евра.