Романија
Снежна бура во Романија, блокирани патишта
28.01.2023 16:32
Снежна бура во Централна Романија, околу 200 автомобили и 50 камиони се заглавени на европскиот пат 85. Властите работат на расчистување на блокираните патишта...

Снежна бура во Централна Романија, околу 200 автомобили и 50 камиони се заглавени на европскиот пат 85. Властите работат на расчистување на блокираните патишта.
27 романски окрузи и главниот град Букурешт се под предупредување за лошо време, а пет од нив се под портокалова фаза за снег и снежна бура. Поради невремето железничкиот сообраќај е отежнат, романските пристаништа се затворени.
