САД
Протести по снимките за полициската бруталност во САД
28.01.2023 16:42
Протести избувнаа во неколку американски градови откако официјални лица ја објавија снимката од надзорните камери на која јасно се гледа полициската бруталност...

Петмина, сега поранешни полицајци од Мемфис се обвинети за убиството на Тир Николс, 29 годишен Афроамериканец кој беше претепан до смрт на 7-ми јануари за време на рутинска контрола во сообраќајот.
Протести избувнаа во неколку американски градови, откако официјални лица ја објавија снимката од надзорните камери на која јасно се гледа полициската бруталност.
Смртта на Николс со денови предизвикува револт во САД. На мирни протести повика и американскиот претседател Џо Бајден.
