Македонија
Тешка сообраќајка во Скопје, загина пешак
28.01.2023 16:54
71 годишен пешак, го загуби животот откако во него удрило патничко возило со скопски регистарски ознаки...

71 годишен пешак, го загуби животот откако во него удрило патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с. Брест, доцна синоќа во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“.
Пешакот им подлегнал на повредите на местото на несреќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, додека пак, возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
