Сообраќај
Видливост на само 50 метри на Попова Шапка
28.01.2023 19:06
Поради магла, намалена видливост од 50 до 60 метри на Попова Шапка...

Намалена видливост поради магла попладнево има на Попова Шапка. Видливоста е намалена од 50 до 60 метри, информира попладнево АМСМ.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат на внимателно возење, почитување на сообраќајната сигнализација и приспособена брзина согласно условите на патот.
