Тетово

Реката Пена затрупана со смет

29.01.2023 08:40

Еколошка катастрофа во долниот дел на реката Пена, коритото затрупано со смет. Не е многу подобра состојбата со реката и во останатиот дел од градот...

Коритото на реката Пена особено во долниот дел на градот, подолго време служи како место во кое граѓаните се ослободуваат од стариот мебел, техника, а долж реката има натрупано илјадници тони отпад. Еколошка катастрофа во долниот дел на реката Пена, чие корито тоне во отпад, не го исчистиле повеќе од една деценија.

Несовесни граѓани фрлаат во реката се и сешто, контрола и санкции нема, а ретко има акции за чистење на речното корито, реагираат тетовци.

Од Општина Тетово, велат дека работаат на посериозна стратегија и план за чистење на речните корита. Пена сега не ја чистат, оти како што рекоа, водостојот на водата варирал.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека реката Пена според последните микробиолошки анализи припаѓа во втора, а Вардар во делот каде поминува во тетовско во трета категорија.

Зоран Димовски