Се стеснува просторот за манипулации со тендерите

03.05.2014 11:03

Објавата и формата во која треба да биде распишан тендерот ќе мора да го мине филтерот на Советот за јавни набавки. Измените стапија во сила од први овој месец...

Од анализата на пазарот, нивото на конкуренција и од бројот на понудувачите ќе зависи дали Советот ќе даде зелено светло да се распише тендерот. 

Со директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска разговара Сузана Фиданска Стоевска...

 

Се заоструваат контролните механизми, се стега обрачот околу јавните набавки, стапи на сила и од 1 – ви мај функционирањето на советот кој треба да ја аминува тендерската документација. Дали е формиран советот и како ке тече целата процедура понатаму?

Советот за јавни набавки е формиран и истиот е веќе во функција, така да сите корисници што ќе треба да ги користат услугите од Советот за јавни набавки, сите информации ќе можат да ги добијат од веб страната од Бирото за јавни набавки.

Со функционирањето на се внесува една голема новина во делот на јавните набавки, што всушност ќе биде функцијата на советот?

Улогата и функцијата на советот е пред се да биде коректор и контролен механизам и да се воспостави преку неговото делување, и за договорните органи, значи и за набавувачите и за побарувачите, значи ова е позитивен ефект, очекувани резултати за набавувачите се дека советот ќе дава и ќе воспоставува една пракса и согласности за самата тендерска документација која што треба да се користи при набавувањето на стоките и услугите и работите од друга страна за понудувачите тоа ќе значи самата согласност на советот и целта ќе биде поголема конкурентност, значи на тендерите ќе имаме поголем број на понудувачи кои што ќе ги задоволуваат потребите на критериумите. Така да бенефитот и контролната функција што ќе ја има советот ќе ја почуствуваат двете страни во системот на јавни набавки. Контролната функција на советот всушност ќе значи сите тендерски документи кои што ги подготвуваат набавувачите ќе бидат на некој начин прегледани за да може да се обезбеди конкурентност на постапките.

Ново е и тоа што заедно со тендерската документација сега ќе треба да биде објавено и проценетата вредност на самиот тендер, што всушност значи ова, што ова ќе повлече?

Проценетата вредност дава позитивен сигнал во однос на она колку пари има на располагање на сметката на самиот набавувач за да може да ја набави таа стока, таа услуга, или работа, се очекува сите оние понуди што ги имавме во предходните години да отстапуваат од проценетата вредност на некој начин беа отфрлени од евалуација, сега од наредниот период да не ни се случува, така да со добивањето на проценетата вредност се добива голем позитивен сигнал за самите понудувачи, кога ја активираат својата понуда.

Се воведува дури и казната затвор, значи од колку до колку ќе биде износот за манипулација со тендерите и кога казна затвор ќе може да се заработи?

Казна затвор, уставните одредби пред сѐ се однесуваат на овие процедурални дејствија од аспект на согласностите на советот, потоа  од аспект на задолжително исполнување на решението на државната комисија, значи казните се градирани во зависност од висината на штетата што е нанесена од една до пет години затвор.