Прилеп

Се реализира првата постпенална програма

29.01.2023 09:28

Мрежа на институции почнаа ефективно да работат на првата постпенална програма во државава за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на осудените лица по издржувањето на казната. Ваквите програми во другите држави покажале намалување на рецидивот што кај нас е голем...

Претставници од Прилепскиот Казнено-поправен дом, од Центарот за социјални работи, приватниот и јавниот сектор, невладините организации, сите како координативно тело, почнаа ефективно да ја спроведуваат првата постпенална програма во државава. Осудените лица по затворската казна да се интегрираат и ресоцијализираат во општеството и да се избегнат големиот број рецидиви – враќање во затворските установи.

Во Прилепскиот Казнено-поправен дом се градат две работилници – за компјутерски и браварски вештини. Два месеца пред истекот на казната, почнува индивидуалната програма со психосоцијална процена.

Приватниот бизнис сектор е подготвен да понуди вработување.

Искуството од другите држави покажува намалување на рецидивите. Првата постпенална програма во државава што ја финансира ЕУ ќе трае до 2025 година.

 

Елизабета Митреска