Иран
Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот во Иран
29.01.2023 09:42
Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот од 5,9 степени според Рихтер што го погоди северозападен Иран...

Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот од 5,9 степени според Рихтер што го погоди северозападен Иран.
Оштетени се згради во десетици градови. Епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Западен Азербејџан, во близина на границата со Турција, соопшти Иранскиот сеизмолошки центар во Техеран.
Градот Хој беше особено погоден, но потресите се почувствувале и во други региони.
