Украина

Санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна

29.01.2023 09:53

Украина воведува санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае речиси 12 месеци...

Украина воведува санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае речиси 12 месеци. Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на „државата агресор“ ќе бидат казнети, рече Зеленски. Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во украинската одбрана, уште еднаш побара воена помош од поддржувачите на Киев.

„Би било можно да се запре овој руски терор доколку можеме да и обезбедиме на нашата војска соодветни ракети. На Украина и требаат ракети со долг дострел – особено – за да се отстрани можноста окупаторот да ги постави своите ракетни фрлачи далеку од линијата на фронтот и да ги уништи украинските градови со нив“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.

Украинскиот претседател ја критикуваше неодамнешната одлука на Меѓународниот олимписки комитет, да им дозволи на руските спортисти да се натпреваруваат на меѓународни спортски натпревари.