Португалија
Државните училишта на протести за повисоки плати
29.01.2023 10:13
Десетици илјади наставници и друг персонал во државните училишта, вчера излегоа на улиците на Лисабон барајќи повисоки плати и подобри работни услови...

Десетици илјади наставници и друг персонал во државните училишта, вчера излегоа на улиците на Лисабон барајќи повисоки плати и подобри работни услови. Една година откако социјалистичкиот премиер Антонио Коста, освои мнозинство во парламентот, тој се соочува со пад на популарноста и улични протести не само од наставниците, туку и од лекарите.
Синдикатот на просветните работници (СТОП) бара Владата да ги зголеми платите на наставниците и другите вработени во училиштата за најмалку 120 евра месечно.
