Трети фактори за тензичната ситуација меѓу Македонија и Бугарија
Трети страни се вмешани во предизвикување тензични ситуации меѓу двете земји, смета бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Илхан Ќучук, вели дека тоа не се само надворешни туку и внатрешни фактори кои не сакат ниту земјава да биде дел од ЕУ, ниту Бугарија да придонесе за европеизација на Балканот...

Трети страни се вмешани во предизвикување тензични ситуации меѓу двете земји, смета бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Илхан Ќучук, вели дека тоа не се само надворешни туку и внатрешни фактори кои не сакат ниту земјава да биде дел од ЕУ, ниту Бугарија да придонесе за европеизација на Балканот.
„Тоа се сите оние кои не сакаат нашата земја да има влијание, бидејќи ставањето вето значи дека Бугарија нема пријатели на балканот и во ЕУ. Каде е тогаш нашата позиција во унијата и тоа е прашање кое често си го поставувам, ниту со јужните држави сме, ниту со источните воспоставивме односи, не можевме да се вклучиме за важни теми, ниту за реформите ниту за помошта на Украина. Веќе 17 години сме во Унијата ама како да ја изгубивме физиономијата“, изјави Ќучук.
Сепак смета дека сè додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за бугари во нашата земја, тензијата ќе продолжи, а за тоа Софија и Скопје мора да најдат решение, дека некому од надвор му годи да има конфликти во овој регион се согласува и министерот за надворешни работи Бујар Османи, тој иако нема директни информации сепак, ја посочи руската федерација, како еден од факторите кои имаат интерес да ги одржат живи тензиите за да може да манифестира свое влијание.
Односите меѓу земјава и соседна Бугарија се затегнаа по нападот на секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков, за кој бугарската страна смета дека е поради омраза, но властите тврдат дека од еден индивидуален случај, не смее да се носи таков заклучок уште повеќе што институциите навремено реагирале а во земјава на сите граѓани им се гарантирани прават а и слободите.
Фиљана Кока
