Тенис

Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата

29.01.2023 13:38

По цели 15 години откако за прв пат го крена трофејот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ тоа го направи денеска по 10-ти пат во кариерата со победата над Стефанос Циципас...

По цели 15 години откако за прв пат го крена трофејот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ тоа го направи денеска по 10-ти пат во кариерата со победата над Стефанос Циципас. Тој ги освои сите 10 финалиња што ги играше на Австралија опен од 2008 година до денес. Во финалето на АО, Ѓоковиќ го совлада Циципас со 3:0, по сетови 6:3, 7:6(4), 7:6(5) за два часа и 56 минути.

Ѓоковиќ најпрво направи брејк во четвртиот гем и поведе со 3:1, а потоа го освои сетот во 36 минута.

По серијата грешки и нервозната игра на Ѓоковиќ во вториот сет, Циципас стигна до првиот брејк при 5:4, исто така сет-поен, но не го искористи. Сетот отиде во тајбрејк, кој Ѓоковиќ го доби и го доби по 70 минути. Во Австралија Ѓоковиќ четири години беше непоразен, победи на 28 последователни натпревари и со тоа го собори рекордот кој до пред некој ден го држеше Андре Агаси (26).

Тенисерот од Србија од утре ќе добие 2.000 поени, кои по неколку месеци ќе го вратат на позицијата број 1 на светската ранг-листа каде досега помина рекордни 373 недели.

Победникот од финалето добива и награда од два милиони долари, а Ѓоковиќ во досегашната кариера веќе има заработено 164,7 милиони долари.