Трибина насловена „Гоце е Македонија“
Гоце Делчев е црвената линија која македонскиот народ не смее да помине, во спротивно ја губиме Македонија и како народ нема да постоиме...

Гоце Делчев е црвената линија која македонскиот народ не смее да помине, во спротивно ја губиме Македонија и како народ нема да постоиме.
Ова е заклучокот од трибината насловена „Гоце е Македонија“ која денес се одржа во Штип. Гоце Делчев не е само татко на македонската нација, тој е црвената линија која македонската држава не смее да ја помине, ова беше кажано во Штип, на трибината насловена „Гоце е Македонија“ во организација на патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ.
При грабнувањето на ликот и делото на Гоце Делчев од страна на Бугарија не е случајно и е со цел македонскиот народ да се обезличи, смета историчарот Слободан Ников.
Во пресрет на денот на раѓањето на Делчев, од Патриотскиот институт повикуваат сите добронамерници мирно и на достоинствен начин да чествуваат на 4-ти февруари, кога Институтот ќе организира „Херојска гарда“ на гробот на Делчев во црквата Свети Спас.
Славица Величковска
