Разговори помеѓу партиите за влезот на Алијанса во извршната власт
СДСМ појаснуваат дека прво ќе се разговара за програмските цели а потоа за кадровските решенија. Влезот на Алијанса е исклучиво за математика, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

Вратите на Владата отворени за сите про-европски партии, велат од СДСМ, по најавите дека преговарачки тимови од Aлијанса за Aлбанците и на Владата ќе разговараат за евентуален влез во извршната власт.
Од СДСМ појаснуваат дека прво ќе се разговара за програмските цели а потоа за кадровските решенија. Влезот на Алијанса е исклучиво за математика, велат од ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат дека зад ваквото евентуално влегување на партијата во Влада, не стои никаква стратегија, ниту пак програма.
Отсуството на стратегија, не доведе во ситуација на студена војна со Бугарија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, според партијата, државата е понижена, позициите се нарушени.
Од опозицијата побараа властите да ги испитаат наводите што ги спомена Претседателот дека извесни фондации, здруженија и поединци од странски држави се вмешани во случувањата со Бугарија. Според потпретседателот на партијата Николоски, новата декларација од Бугарија е уште еден доказ дека барањата на официјална Софија немаат крај.
Катерина Топалова
