ЈСП

Приватните превозници утре на мирен протест пред ЈСП

29.01.2023 16:25

Протест пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) за утре во 9 часот наутро, најавија дел од приватните автобуски превозници, кои до неодамна беа дел од јавниот превоз во Скопје...

Протест пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) за утре во 9 часот наутро најавија дел од приватните автобуски превозници, кои до неодамна беа дел од јавниот превоз во Скопје. Во автобускиот превоз, освен автобусите на ЈСП, беа вклучени и приватни превозници на „Макекспрес“ и „Слободна превоз“. Град Скопје, кон крајот на минатата година, ги раскина договорите со приватните превозници.

Тие протестираа и блокираат крстосници во Скопје, оти ЈСП и Град Скопје им должат пари.

Откако Градот ги раскина договорите со двете здруженија на приватни превозници линиите на кои возеа приватниците ги пополнија со автобуси на ЈСП.

Потоа Град Скопје отвори повик, приватниците повторно да се јават на оглас, но никој не се јави.