Прес

Годишна конференција „Година на нови можности“

29.01.2023 16:39

Владата на Република Северна Македонија, ја организира годишната конференција „Година на нови можности“, што ќе се одржи утре и задутре, во хотелот „Александар Палас“во Скопје ...

Владата на Република Северна Македонија, ја организира годишната конференција „Година на нови можности“, што ќе се одржи утре и задутре, во хотелот „Александар Палас“, Скопје со почеток во 10:00 часот.

Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци.

Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.

Медиумските екипи кои се акредитираа за настанот, потребно е во понеделник да пристигнат во 8:30 часот од влезот кај тениското игралиште кај конференциската сала број 3, каде ќе може да се подигне регистрациската картичка неопходна за влез на конференцијата, стои во соопштението од Влада.