влада

Премиерот Ковачевски ќе ја отвори годишната конференција „Година на нови можности“

30.01.2023 08:25

Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни четири панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци...

Како што соопштуваат од владината прес-служба, денеска со почеток во 10:00 часот почнува дводневната годишна конференција „Година на нови можности“, во хотел „Александар Палас“. Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни четири панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци.

Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за 2023 година.