Нов Зеланд

Нов Зеланд опустошен од поплавите

30.01.2023 10:26

Оукленд се подготвува за уште поизобилни дождови во наредните денови, предупредија властите...

Оукленд во Нов Зеланд е опустошен од поплавите. Градот се подготвува за уште поизобилни дождови во наредните денови, предупредија властите. Според осигурителните компании, ова веројатно ќе биде најскапиот временски настан. Најмалку четири лица загинаа во поројните поплави и лизгање на земјиштето.

Вонредната состојба останува на сила во Окленд и на југ во регионот Ваитомо. Сè уште има доцнења и откажувања на летови до и од аеродромот. Околу 350 луѓе во моментов имаат потреба од итно сместување.