Кина
Силен земјотрес во Кина
30.01.2023 10:34
Нема информации за поголема материјална штета или повредени...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер го погоди оддалечениот дел од северозападниот кинески регион Ксинџијанг. Засега нема информации за поголема материјална штета или повредени.
Ксинџијанг е еден од сеизмички најчувствителните региони во Кина, а повеќето земјотреси беа во ретко населени области надвор од главните градови.
