Клоп: Нема да има трансфери за Ливерпул оваа зима
30.01.2023 10:47
Не се планирани промени за овој преоден рок, нема да има трансфери. Се е во ред со овој состав, изјави Клоп.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим нема да се засили во зимскиот преоден рок.
Не се планирани промени за овој преоден рок, нема да има трансфери. Се е во ред со овој состав, изјави Клоп.
Тимот предводен од германскиот фудбалски стручњак на 29 јануари загуби на гости кај Брајтон во шеснаесетинафиналето на ФА Купот (1:2) и е елиминиран од турнирот.
Ливерпул е деветти на табелата во Премиер лигата со 29 бодови од 19 натпревари.
