НАТО

Столтенберг во посета на Јапонија

30.01.2023 11:48

Во рамки на азиската турнеја, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во посета на Јапонија, на средби со државниот врв...

Во рамки на азиската турнеја, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во посета на Јапонија, на средби со државниот врв. Вчера на состаноците со високи јужнокорејски претставници, зборуваше за настаните во Европа и Северна Америка и нивната меѓусебна поврзаност со други региони.

Според првиот човек на НАТО, Алијансата сака да помогне во управувањето со глобалните закани преку зајакнување на партнерствата во Азија.

Северна Кореја ја нарече посетата на Столтенберг увертира за конфликт и војна бидејќи ги носи темните облаци на нова студена војна во азиско-пацифичкиот регион.