Израел

Блинкен во посета на Ерусалим

30.01.2023 12:05

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во рамки на тридневната посета на Блискиот Исток престојува во Ерусалим во време на растечки тензии меѓу Израелците и Палестинците...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во рамки на тридневната посета на Блискиот Исток престојува во Ерусалим во време на растечки тензии меѓу Израелците и Палестинците.

Се очекува Блинкен да ги повтори американските повици за смиреност и да ја нагласи поддршката на Вашингтон за решение меѓу две држави.

Премиерот Нетанјаху вети силен и брз одговор по нападите во Источен Ерусалим во кои беа убиени седум луѓе. Израелските сили се во состојба на готовност, а војската го зголемува присуството на Западниот Брег.