Бодови за титула или за опстанок!
Кога на три кола до крајот, кандидатите за титулата се сместени во растојание од пет, а во игра се уште само девет бода, 31-та рунда ниту теоретски не може да промовира шампион. Од шесте од коишто само еден меч не влијае на некој дел од табелата, три пресметки се од огромно значење.

Кога на три кола до крајот, кандидатите за титулата се сместени во растојание од пет, а во игра се уште само девет бода, 31-та рунда ниту теоретски не може да промовира шампион. Од шесте од коишто само еден меч не влијае на некој дел од табелата, три пресметки се од огромно значење.
Градското дерби Работнички – Вардар ги става под притисок и двете кипи, но императивот за победа е кај црвено – црните. Работнички како првопласиран со два бода повеќе од Турново и четири од четвртопласираниот Вардар со триумф ќе биде најголем конкурент за трофејот, но и со бод би бил се уште во главната игра. Спротивно, не слават ли, вардарци ќе се простат од обидот за шампионски хет – трик. Во израмнетата традиција од 18 победи на Вардар и 17 на Работнички, во дуелите сезонава „романтичарите“ беа подобри со 2:1, а во првиот беше 1:1.
Во слична ситуација како црвено - црните е и Пелистер. Со само една победа во пет натпревари, битолчани го испуштија првото место и немаат право на кикс на гостувањето кај Турново, а во ситуација кога се во негатива од три бода во однос на домаќинот и пет зад лидерот, тогаш тоа би било и нерешено. Доколку нема победник на скопското дерби, турновци не би биле незадоволни и со бод против Пелистер кого сезонава се уште не го совладале. Во Турново триумфираше Пелистер со 2:0, под „Тумбе кафе“ беше 0:0. Во девете меѓусебни дуели на стадионот „Кукуш“ билансот е 3-3-3, но домаќинот сега е во подобра позиција затоа што во финишот на првенството е во серија од четири победи и едно реми.
Металург е единствениот што до крајот на шампионатот веќе нема да игра против некој од конкурентите за пехарот, но тоа никако не му ја олеснува задачата, особено откако по првиот пораз во последните осум дуели и тоа дома од Турново, се спушти на третата позиција. Негативниот елемент за Металург на гостувањето кај Брегалница се мотивите на штипјани кои со победа и теоретски ќе обезбедат опстанок, додека позитивна е традицијата според којашто скопјани немаат пораз на шесте дуели на градскиот стадион. Сезонава беше 0:0, а на „Железарница“ се радуваше Брегалница со 2:1.
Две натпревара директно ќе го кројат распоредот во и околу опасната зона. Ренова која е прва над линијата за испаѓање има пет бода повеќе од Еуромилк и формално ќе и гостува на обезбедената Шкендија. Додека чекаат што ќе се случи во Тетово, фудбалерите на екипата од Горно Лисиче ке треба победоносно да ја одработат обврската против веќе испаднатиот Напредок.
Во 31-то коло ќе се соочат и веќе второлигашите Македонија Ѓорче Петров и Гостивар. Според правилата сите мечеви од завршните три рунди мора да се одиграат во ист термин. Утрешниот е 15 часот. Комбинираниот прнос на МРТ1 ќе ги содржи дуелите Работнички – Вардар и Турново – Пелистер.
31 коло – двојки (утре 15 часот):
Работнички – Вардар МРТ1
Турново – Пелистер МРТ1
Брегалница – Металург
Шкендија – Ренова
Еуромилк – Напредок
Македонија ЃП – Гостивар
Табела:
1. Работнички 56
2. Турново 54
3. Металург 53
4. Вардар 52
5. Пелистер 51
6. Шкендија 48
7. Брегалница 42
8. Ренова 40
9. Еуромилк 35
10. Македонија ЃП 29
11. Мапредок 14
12. Гостивар 14
