Првиот вицепремиерот Груби учествуваше на годинешната владина конференција
„Политиката на нашата Влада е храбра и прогресивна, политика на нула проблеми со соседите и целосно регионално и евро-американско партнерство“, изјави Груби...
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска учествуваше на годишната владина конференција „2023 година на нови можности за економски развој и европски интеграции“.
„Политиката на нашата Влада е храбра и прогресивна, политика на нула проблеми со соседите и целосно регионално и евро-американско партнерство. Додека пак, политиката на страв е политика на уназадување, тоа е политика која одржува статус квота, а кога сите други напредуваат, тие што се заглавени во место, всушност, уназадуваат“, рече меѓу другото првиот вицепремиер Груби во својот говор пред присутните.
