Косово
Курти: предлогот на ЕУ е добра основа за дискусија
30.01.2023 14:24
Курти изрази подготвеност за разговор за бриселските спогодби, нагласувајќи дека не добил соодветни аргументи за основање на заедницата на српски општини.

За косовскиот премиер Курти, европскиот предлог е добра основа за договор со Србија. Изрази подготвеност за разговор за бриселските спогодби, нагласувајќи дека не добил соодветни аргументи за основање на заедницата на српски општини.
Според Курти, внатрешниот дијалог со Белград е приоритет, но не постои доверба. Најави 123 проекти за мали претпријатија и стартап-компании, од кои 48 се за српската заедница.
