Македонија-Бугарија

Нема да биде дозволен инцидент на 4-ти февруари

30.01.2023 14:44

Не смее да се дозволат никакви инциденти, вели министерот Спасовски по средбата со бугарскиот колега Демерџиев. Уверува – се преземаат сите мерки и активности безбедно чествување на роденденот на револуционерот Гоце Делчев. Бугарскиот министер, пак, посочи дека двете држави споделуваат европски вредности, а јазикот на омразата не е европски пат. Смета дека не е добро поединечни инциденти да ги поткопуваат добрите односи меѓу двете земји...

Спасовски и неговиот бугарски колега Демерџиев потврдија дека двете министерства за внатрешни работи нема да дозволат никакви провокации на чествувањето на Гоце Делчев. Се преземаат превентивни мерки од двете полиции за мирно и достоинствено одбележување на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер во црквата Свети Спас. Спасовски не одговори, дали на некои лица од Бугарија е можно да им се забрани влез во Македонија.

И Демерџиев категоричен-нема да се дозволи лицата што ќе дојдат од Бугарија да провоцираат. Чествувањето треба да биде достојно како што доликува на еден историски великан.

Бугарскиот министер на Спасовски му предал документи со кои, како што рече, Демерџиев додека се лекува во Софија, Пендиков добивал закани по живот. Средбата на двајцата министри доаѓа по зголемените тензии меѓу двете земји, особено по инцидентот со секретарот на бугарскиот клуб во Охрид и седницата на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски, при што чествувањето за Делчев беше посочено како настан од висок безбедносен ризик, бидејќи е најавено доаѓање на бугарски граѓани во Скопје.

 

 

Милчо Велески