АЈДЕ, АЈДЕ, АЈДЕ ВАРДАРЕЕЕЕ!!!
Денеска испишува нова страница ракометната европска клубска историја со дамите. За првпат паметникот евидентира нова форма на шампионска завршница, фајнл-фор.
Како прв домаќин ќе биде запишан градот Будимпешта, а првата 4-ка таму: македонската гордост Вардар СЦБТ, актуелните првенки Ѓер, ланските финалистки Будуќност и секогаш незгодните дански претставнички, овојпат преку Митјиланд.

Денеска испишува нова страница ракометната европска клубска историја со дамите. За првпат паметникот евидентира нова форма на шампионска завршница, фајнл-фор.
Како прв домаќин ќе биде запишан градот Будимпешта, а првата 4-ка таму: македонската гордост Вардар СЦБТ, актуелните првенки Ѓер, ланските финалистки Будуќност и секогаш незгодните дански претставнички, овојпат преку Митјиланд.
Се играат две ½ финалиња денеска, Вардар СЦБТ-Будуќност и Ѓер-Митјиланд. Во недела е битката за европскиот ракометен клупски трон. Толку за административниот дел.
Сега за историски битното за нас, како народ, како град, како Македонија. За она што одекна во ракометна Европа уште таму некаде август месец како вистинска бомба, чии последиците континенталниот ракомет свет сеуште ги чувствува. Дај боже ”контаминацијата“ македонска да држи до в година ова време па и повеќе.
Три во едно чекираше во елитното друштво Европа, две македонски машки екипи, Металург и Вардар и еден кај дамите, понежната црвено-црна колонија. Оваа последнава уште тресе.
Направија македонските шампионки да се освежат спомените на Кометал, да се потсети Македонија на најблескавите клубски моменти во битисувањето. Вардарки реално ја имаат шансата за рефреширање на спомените. Имаат можност да ги одмаздат своите клубски колеги и ја потврдат целосната вардарова сериозност. Започнаа од квалификации, преку една, па уште една група, па стигнаа до Будимпешта. Запишува ЕХФ бележникот и уште еден момент кој ќе остане за навек како податок. Дебитантот стигнува до големата 4-ка, дај боже да запише и финале, а колку би било прекрасно и трофеј.
Вардарки имаат се, имаат тим, имаат, сплотеност, имаат харизма, имаат атмосфера, имаат народ кој ги сака и подржува.
Го живеат сонот, не дека се тоа девојки без искуство, страотно ѕвезден тим е тоа, кој влева респект и страв. Кастратовиќ како столб, па Лекиќ, па Радичевиќ, Пино, Суслина, Црвенковска, Дембеле, Ѓокиќ, Зебиќ, Фернандез, нема помаку или повеќе, се е тоа име до име авторитативно. Безобразно моќно делува дружината на Кастратовиќ.
Сонувајте со широко отворени очи девојки, завршете ја приказната како вистински принцези во градот бајка. Среќно.
Сабота(03.05.2014)-1/2 финале:
Ѓер-Митјиланд (15:00)
Вардар СЦБТ-Будуќност(17.30)
Недела(04.05.2014)-финале (17:00)
