Прес конференција

Панел сесија: „Социјални и здравствени политики во време на криза“

30.01.2023 18:38

На панел сесијата, се дебатираше за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална и просечна плата, новата методологија за раст на пензиите, како и за здравствените политики во изминатава и следнава година...

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ беше и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатираше за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална и просечна плата, новата методологија за раст на пензиите, како и за здравствените политики во изминатава и следнава година.

Министерот за здравство, Беким Сали зборуваше за дигитализацијата и колку таа може да придонесе за унапредување на здравствениот систем, со посебен фокус и на реформите во примарната здравствена заштита, кои се меѓу врвните приоритети на Министерството за здравство изминатиот период, а воедно се инкорпорирани во стратегијата на Министерството за периодот 2021-2030 година.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се осврна на антикризните мерки наменети за најранливите категории на граѓани, новата методологија за раст на минималната плата и пензиите, како и за социјалните услуги и сервиси кои се во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Масимилијано Паолучи, директорот на Светка банка во Република Северна Македонија, зборуваше за постигнатите резултати во проектите поддржани од Светска банка во социјалната, детска и здравствена заштита.

Постојана координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак, зборуваше за важност на инклузијата во општеството и развивање на деинституционализацијата како процес, како и воспоставувањето на Меѓународната класификација на функционалноста.

Советничката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за здравство, Ана Данева Маркова, зборуваше за механизмите на Владата за да го забрза пристапот до нови лекови и за мајчиното и здравјето на новороденчињата и здравствена заштита во Северна Македонија.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова се осврна на новата методологија со која пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината, вклученоста на пензионерите со пензии до 14.000 денари во антикризните мерки, како и помошта од 3.000 денари, која измината 2022 година ја добија сите 330.000 пензионери, стои во соопштението од Влада.