Вардар СЦБТ во полуфиналето на „фајнал фор“ турнир на ЛШ во Будимпешта

Против Будуќност – за финале

03.05.2014 14:40

Ракометна Македонија деновиве во исчекување да и се повтори еуфоријата од пред 12 години, кога Кометал Ѓорче Петров стана европски првак. Сега е друго време, но надежите и амбициите пак се огромни. Вардар СЦБТ е меѓу четирите најдобри на континентот, а може ли и до самиот врв, ќе се увериме по полуфиналниот дуел со подгоричка Будуќност, на „фајнал фор“ турнирот на Лигата на шампионките во Будимпешта.

Пресметката меѓу балканските ривали е од 17.30 часот во Арената „Ласло Пап“ во унгарскиот главен град. Извонредниот црногорски колектив е пречката којашто ќе може да ја одреди судбината на „црвено-црниот“ состав пребогат со врвни индивидуалки, којшто пак уште во првата сезона во елитната конкуренција стигна далеку и над сите очекувања. Ако во машкиот ракомет имавме два четвртфиналиста, Вардар СЦБТ е нашата женска ракометна гордост и со оглед на околностите во овој спорт во последниот период, македонска екипа којашто веројатно најреално може да ја покори Европа. Вардарки се на тежок испит, којшто ќе биде и испит на нивната тимска зрелост, по импресивните настапи со само еден пораз текот на групните борби и на нокаут-фазата.. Ако го минат Будуќност ќе им преостанат само уште 60 минути до освојувањето на пехарот.

Во утрешното финале на Лигата на шампионките ќе ги чека победникот на првиот полуфинален натпревар меѓу домаќинот на турнирот, унгарски Ѓер и дански Митјиланд.