Македонија

Комисијата за следење на комуникациите ќе го разгледува Годишниот извештај за работењето на ОТА за 2022

31.01.2023 08:53

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ќе одржи седница на чиј дневен, меѓу другото, е и Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2022 година...

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска ќе одржи седница на чиј дневен, меѓу другото, е и Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) за 2022 година.

Комисијата ќе ги разгледува и Годишниот Финансиски план за 2023 година на ОТА за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации, како и годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2022 година.